ФК БЕЛАСИЦА СО ТРИУМФ ВО РАДОВИШ

Фудбалерите на ФК Беласица, во првиот натпревар оваа сезона од ВМФЛ триумфираа со резултат 1:2 над ФК Плачковица и тоа на гостински терен во Радовиш.

Одличен натпревар одиграа и двете екипи, со многу борба на секој дел од теренот. Домаќините први дојдоа до водство во 19-тата минута од првото полувреме, по одличен удар од далечина на Роберт Коцев. Нашите фудбалери го изедначија резултатот во 33-тата минута со голот на Пепи Ѓоргиев по нафрлена топката и асистенција на Јордан Серафимовски, кој и во второто полувреме асистираше кон Миле Костовски – Манго, за комплетен пресврт и победа на натпреварот во Радовиш. После вториот гол за водство, на теренот доминираше екипата на ФК Беласица, која не успеа да реализира голем број на шанси, а ни беа поништени и два гола, по еден во двете полувремиња.

Во текот на целиот натпревар нашите момци ја имаа подршката од навивачката група “АЈДУЦИ” кои ја бодреа екипата се до крајот на натпреварот.

Голема благодарност до нашите “АЈДУЦИ” за поддршката во текот на целиот меч.

Следен натпревар нашите фудбалери го играат овој вторник, со почеток во 15:30 ч. против ГФК Тиквеш од Кавадарци на градскиот стадион „Младост“ во Струмица.