FK Belasica

БЕЛАСИЦА ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ПОЛНИ МРЕЖИТЕ НА ПРОТИВНИЦИТЕ

Одлична игра за уште една победа во низа на струмичките плави. Доминатна победа и тоа со 6 погодока во мрежата на домашниот тим.

Денеска на гостински терен во Пробиштип домашниот голман мораше шест пати да ја вади топката од мрежата. По само 45 минути имавме водство од 5:0. ФК Беласица и денеска покажа доминантна игра со многу шанси и повторно висока реализација. Конечен резултат по 90 минути беше 6:0, за гордоста на Струмица, клубот кој многу брзо како стојат работите според управата, ќе игра во најдобрата македонска лига.

И денеска како и на првиот натпревар од пролетниот дел шанса добија фудбалерите од младинскиот погон кои тренираат со сениорскиот тим. По 17 коло од првенството Беласица и натаму е лидер на табелата со 6 бодови предност пред Плачковица од Радовиш и фасцинантна гол разлика од 81 постигнат гол и само 6 примени.

 

Стрелци на головите:
– Кемал Аломеровиќ
– Зоран Андонов
– Стефан Сулев
– Јордан Серафимовски
– Бобан Мариќ х 2