ФК Слога 1934

БЕЛАСИЦА ПРОДОЛЖУВА СО СЕРИЈАТА НА ПОБЕДИ

Уште еден натпревар во успешната низа на натпревари. Со неверојатен завршеток од 11:0, ФК Беласица на домашен терен денес ја совлада ФК Слога 1934 од Виница.

Почетокот на натпреварот беше одбележан со едноминутно молчење во чест на трагично починатиот фудбалер на Академија Пандев, исто така и член на Македонската Репрезентација до 15 години.

ФК Слога 1934

Фантастично прво полувреме со потполна доминација на нашите фудбалери од 9:0. Oдлична игра уште од стартот на натпреварот со прв постигнат гол уште во четвртата минута од Јордан Серафимовски.

Второто полувреме заврши со само два гола, со многу неискористени шанси за гол и еден нереализиран пенал на Миле Костовски.

 

24 Коло, Трета Лига Исток

ФК БЕЛАСИЦА – ФК СЛОГА 1934  11:0 (9:0)

Стадион “Младост” – Струмица

Судија: Марио Паризов

Стрелци: 1:0 Серафимовски 4′, 2:0 Костовски 6′, 3:0 Алoмеровиќ 9′, 4:0  Серафимовски 19′, 5:0 Џонов 23′, 6:0 Костовски 26′, 7:0 Истатов 33′, 8:0 Костовски 35′, 9:0 Истатов 36′, 10:0 Костовски 49′, 11:0 Коцевски 76′

ФК Слога 1934
ФК Слога 1934