ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ СО ФК БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК ДЕЛЧЕВО

Денеска фудбалерите на ФК Беласица уште еднаш покажаа дека се подобри од останатите екипи во третата македонска лига.

Иако во првите 30 минути гостите успеаа да се одбранат од нападите на нашиот тим, сепак полувремето заврши со 1:0. Второто полувреме и крајот на натпреварот резултираше со целосна доминација на ФК Беласица со 9:0.

Покрај добрата и доминантна игра на искусните фудбалери од првиот тим, голем успех покажаа и младите играчи кои стартуваа на овој натпревар. Благој Истатов и Благој Стојанов се истакнаа не само со добри асистенции, туку и како стрелци на дел од головите.

Стрелци на головите:
– Благој Стојанов х 1
– Зоран Митевски х 1
– Благој Истатов х 2
– Бобан Мариќ х 2
– Миле Костовски Манго х 3

ФОТОГАЛЕРИЈА >>