ФК Овче Поле

ПОТПОЛНА ДОМИНАЦИЈА ВО ДУЕЛОТ СО ФК ОВЧЕ ПОЛЕ

Вчера беше одигран натпреварот од 27 коло Трета Лига Исток, против екипата на ФК Овче Поле. Натпреварот заврши со убедлива победа од 6:0.

Фантастично прво полувреме со потполна доминација на нашите фудбалери од 5:0. Oдлична игра уште од стартот на натпреварот со прв постигнат гол уште во втората минута од натпреварот. Стрелец на голот беше Крсте Тодоров. Одлична игра следуваше и по постигнатиот гол, што резултираше со уште 4 гола во мрежата на Овче Поле. Трите гола беа дело на нашиот прв стрелец Бобан Мариќ, кој стигна до бројката од 35 постигнати голови. Четвртиот гол беше автогол.

Миле Костовски во 63 минута го постигна единствениот гол во второто полувреме. Со овој гол тој стигна до 25-иот постигнат гол оваа сезона и е втор стрелец во лигата, позади Бобан Мариќ.

До крајот на првенството следуваат уште три натпревари, најпрво во гости со ФК Работник, па дома со ФК Тиверија и на крај со ФК Осогово во гости.

ФК Овче Поле ФК Овче Поле
ФК Овче Поле ФК Овче Поле
ФК Овче Поле ФК Овче Поле