Равена Куп 2017

ЕЛИМИНАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ВО 1/8 ФИНАЛЕ НА ТУРНИРОТ “РАВЕНА КУП 2017“

Нашите млади фудбалери вчера одиграа два натпревари на турнирот „Равена Куп 2017“, од кои еден натпревар од групната фаза, и еден натпревар во елиминационата фаза во 1/8 финале.

Во првиот натпревар кој се одигра во 12:00, нашите фудбалери ги одмерија силите со италијанската екипа ФК Јесина Калчо, при што претрпевме пораз од 4:2. И покрај овој пораз, кој беше единствен во групната фаза, ФК Беласица заврши на второто место во групата со вкупно 7 бодови, пласирајќи се помеѓу 16-те најдобри екипи, додека на првото место беше англиската екипа ФК БВБ03 со 10 освоени бода.

Во 1/8 финале, противник на ФК Беласица беа фудбалерите на ФК Брезница од Црна Гора.

Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар, креираа многу шанси за гол, но сепак на крај тимот од Црна Гора успеа да триумфира во последните минути од натпреварот со резултат 2:1, згаснувајќи го сонот на нашите млади надежи да се пласираат помеѓу осумте најдобри екипи на турнирот.

Генерално, нашите млади надежи одиграа одлични натпревари на овој турнир. Задоволни сме и горди на сите постигнати резултати. Пласман помеѓу 16-те најдобри екипи на овој силен меѓународен турнир е голем успех и големо искуство.

Следен младински меѓународен турнир на кој ФК Беласица ќе учествува е турнирот „Reze International“ во Нант, Франција, кој ќе започне на 2 јуни. На овој меѓународен турнир ќе учествуваме со генерациите 2000/2001.