Фудбал - Млади категории

ФК БЕЛАСИЦА ВО ГРУПАТА Ф, ЗАЕДНО СО ЕКИПИ ОД ИТАЛИЈА, СРБИЈА, ШВЕДСКА И АНГЛИЈА

Младите таленти на ФК Беласица родени 2002 и 2003 година ги добија своите противници во групната фаза, на големиот меѓународен турнир во Равена, Италија.

ФК Јесина Калчо од Италија, ФК Душановац од Србија, ФК Стувста од Шведска и ФК БВБ03 од Англија, заедно со тимот на ФК Беласица беа извлечени во последната група Ф, на престојниот турнир „Равена Куп 2017“.

 

Овој турнир започнува на 22 април, и ќе трае 4 дена, до 25 април. На него земаа учество екипи од цела Европа.

Првиот натпревар нашите млади надежи ќе го одиграат на 23 април, против екипата на ФК Душановац од Србија. Истиот ден ќе се одиграат и уште 2 натпревари и тоа во 12:00 против ФБ БВБ03 од Англија, и во 17:00 против ФК Стувста од Шведска. Преостанатиот натпревар со италијанската екипа ФК Јесина Калчо се игра наредниот ден, на 24 април, кога започнува и елиминационата фаза.

RAVENNA EUROPEAN CUP 2017

Нашите млади фудбалери за Италија ќе заминат овој четврток. Им посакуваме многу успех и среќа.