ФК Беласица

ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СТРУМИЦА НА СТАДИОНОТ “МЛАДОСТ”

Шкендија и Пелистер ќе го играат финалето за трофејот во Купот на Македонија на 17. мај во Струмица. Таква одлука донесе Фудбалската Федерација на Македонија, а мечот ќе се игра од 17:30 часот.

Шкендија ќе ја брани освоената круна од предходната година, додека Пелистер сака да го прекине постот од 15 години и да го освои вториот пехар во клубската историја. Двете екипи имаат по еден пехар, а ова ќе им биде четврто финале. Купот по 4 години нема да се игра во Скопје.

На стадионот “Младост” веќе има одиграно едно финале и тоа во 2002 година кога Победа ја совлада Цементарница со 3:1.