ФК Беласица

ФК БЕЛАСИЦА – ФК ПЛАЧКОВИЦА ВО НЕДЕЛА ПОД РЕФЛЕКТОРИ

Натпреварот од редовното 26 коло, помеѓу екипите на ФК Беласица и ФК Плачковица ќе се игра во недела(30.05), во 19:00 и тоа под рефлекторите на стадионот „Младост“ во Струмица.

Годинава тимот од Радовиш е најголем наш конкурент. Единствениот пораз кој нашите фудбалери го доживеаја оваа сезона е токму од ФК Плачковица, во првиот дел од сезоната, на гостински терен со 1:0.

ФК Плачковица во моментот се наоѓа на второто место на табелата, со 57 освоени бодови, 4 помалку од ФК Беласица.

Ги повикуваме сите фанови, симпатизери и љубители на фудбалот, во недела да присуствуваат на стадионот „Младост“ и да дадат подршка на нашите фудбалери. Со победа ФК Беласица ќе ја зголеми предноста на табелата на 7 бодови, ќе ја потврди доминацијата во лигата оваа сезона, и ќе стави крај на сите дилеми за влез во втора лига.

Очекуваме интересен натпревар, и секако победа на нашиот тим.