Горан Попов

ГОРАН ПОПОВ ВЧЕРА ГО ПОДДРЖА СВОЈОТ МАТИЧЕН КЛУБ

Горан ПоповГоран Попов – еден од најдобрите фудбалери кои потекнуват од младинската школа на ФК Беласица, вчера присустваше на првенствениот натпревар со ФК Слога Виница.

На истиот натпревар нашите плави триумфираа со неверојатен резултат од 11:0.

Попов во моментот настапува во актуелниот македонски шампион ФК Вардар. Во минатото има настапувано и во ФК Херенвен од Холандија, ФК Динамо Киев од Украина и ФК Вест Бромвич Албион од Англија.

Ова е голем гест од страна на Горан Попов и пример за останатите фудбалери кои излегоа од ФK Беласица, како се сака и поддржува својот матичен клуб.