ДОСТИЖНА ЛИ Е ФУДБАЛСКА ЕВРОПА

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година Беласица директно се вклучи во Првата фудбалска лига, каде што во борбата за највисок пласман најголеми конкуренти беа скопски Вардар, прилепска Победа и Силекс од Кратово. Предизвикот беше навистина голем, бидејќи првите две места од републичкиот шампионат водеа на УЕФА.

ФК БЕЛАСИЦА НИЗ ВРЕМЕТО

Панче Пандазиев по освојувањето на Купот на Македонија со кадетите во 2001 година

Неколку сезони по ред во фудбалска Европа, односно учество во Купот, струмичкиот прволигаш се пласираше на самиот врв на табелата, но за чекор подалеку од визата со која се патуваше кон Европа. Во сезоната 2000/2001 година Беласица ја освои вице шампионската титула пласирајки се зад скопски Вардар, со што за првпат во својата богата клубска историја обезбеди Европската клубска асоцијација учество во Купот на УЕФА, и стана член на Европската клубска асоцијација.

Истовремено, на стадионот започна изградба на јужната покриена трибина според изготвен план и проект со европски стандарди.

Во наредната фудбалска сезона Струмичкиот лигаш повторно успеа да се избори за учество во купот. 

Покрај стекнатото фудбалско искуство, учеството во двата куп-натпревара за Беласица се значајни и по тоа што во наредниот период голем број од талентираните фудбалери кои настапија за Беласица во евро-куповите како: Горан Пандев, Роберт Попов, Ацо Стојков, Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Драган Стојков, Данчо Масев и други, ќе го визираат пасошот за премин во повеќе европски клубови.

ФК БЕЛАСИЦА НИЗ ВРЕМЕТО

Дел од фудбалерите кои настапија за ФК Беласица во евро-куповите

 

Со вкупно 14 фудбалски интернационалци, колку што ги има до овој момент, Струмица е сигурно меѓу првите градови во Македонија.

 

ФК БЕЛАСИЦА НИЗ ВРЕМЕТО

Горен ред од лево: Р. Урдов – тренер. В. Николов, П.Пецанов, В. Маневски, Т. Василев, В. Таковски – претседател, М. Марангозов – директор, С. Пандев, М. Стојков, Г. Попов, Б. Ристевски, А. Василев, М. Партиков Долен ред од лево: Р.Ристов, Џ. Вргов, И. Тасев, Л. Караколев, А. Стојанов, П. Божијанов, В. Томевски, М. Ташев, Д. Брзаковски, С. Тимов – секретар

 

ФК Беласица 2003 

ФК БЕЛАСИЦА НИЗ ВРЕМЕТО

Клечат од лево: Петревски, Кнежевиќ, П. Божијанов, Т. Атанасов, В. Митев – тренер, П. Ристевски, В. КОстов, Б. Михајловиќ, А. Стоилов и С. Пандев Среден ред од лево: Ванчо Таковски – претседател, Г. Попов, И. Бисиќ, Василев, М. Стојков, Д. Василев – тренер, Р. Дориев, Д. Масев, Г. Груески, Р. Христовски, Ј. Говорко – физиотерапевт, М. Марангозов – директор и П. Блажевски – шеф на стручен штаб Горен ред од лево: Т. Ефтимов, М. Ташев, И. Поцев, Салаховиќ, Феризовиќ, З. Балдовалиев, Р. Анчев – тренер, А. Стојанов, Николов, Бранков, Н. Танушев, Славчо – секретар

 

ФК Беласица

ОСНОВАЊЕ И ПОЧЕТОЦИ

ФК Беласица

ФК БЕЛАСИЦА ВО РЕПУБЛИЧКА ЛИГА

ФК Беласица

СТРУМИЦА ИЗВОР НА ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ

ФК Беласица

СТРУМИЧКА ФУДБАЛСКА РЕНЕСАНСА