КУП НА МАКЕДОНИЈА – КАДЕТИ

Денес во просториите на ФФМ се одржа ждрепка за ½ финалните натпревари за Купот на Македонија во млади категории.

По извршената ждрепка кадетите на ФК Беласица за противник ја добија екипата на ФК Работнички од Скопје.

Првиот натпревар ќе се одигра на 26.04.2017 година, додека реванш натпреварот ќе се игра на 04.05.2017 год.

Во другиот ½ финален дуел се среќаваат екипите на ФК Вардар и ФК Академија Пандев.