фудбалери

НАШИТЕ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ СИНОЌА ПРИСТИГНАА ОД ФРАНЦИЈА

“Reze International” е турнирот на кој учествуваа нашите млади фудбалери родени 99/2000 година во областа Резе во Франција, во непосредна близина на градот Нант.

Ова е 33 издание на овој силен традиционален меѓународен турнир. На истиот учествуваа фудбалски клубови од Франција, Португалија, Грција, Србија итн.

Одигравме 6 натпревари, и забележавме 1 триумф по изведување на пенали, едно реми и 4 порази.

Учеството на овој турнир е од големо искуство за нашите фудбалери и стручниот штаб. Имавме можност да видиме и да се запознаеме со една нова култура. Нашите фудбалери, кои наместо во хотел, престојуваа кај други млади фудбалери од околината на Нант, па покрај фудбалските активности, тие се дружеа и забавуваа во текот на целиот 3 дневен престој.

Ова не е последен турнир за фудбалерите од нашата фудбалска школа за оваа сезона. Денес околу 50 дечиња повторно заминуваат на турнир но овојпат за Словенија.

#ФКБеласица #ГордостНаГрадот #НапредПлави