НАШИТЕ МЛАДИ НАДЕЖИ ЗАМИНАА ЗА ИТАЛИЈА. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ ИМ ПОСАКА СРЕЌЕН ПАТ И УСПЕХ НА ТУРНИРОТ ВО РАВЕНА.

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска ги испрати младите фудбалери на фудбалскиот клуб „Беласица“ на големиот меѓународен турнир „Равена куп 2017“ во Италија. На средбата пред заминувањето, им посака среќен пат и многу успех на турнирот, потенцирајќи дека тие се гордост на општина Струмица која и го поддржа нивното учество на овој турнир.

Турнирот „Равена куп 2017“ ќе започне утре, а ќе заврши на 25 април. На младите таленти на фудбалскиот клуб „Беласица“ родени 2002 и 2003 година во последната група Ф противници им се фудбалските клубови „Јесина Калчо“ од Италија, „Душановац“ од Србија, „Стувста“ од Шведска и „БВБ03“ од Англија.