фудбалери

ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ И ГОЛЕМО ИСКУСТВО ЗА МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ КАКО И СТРУЧНИОТ ШТАБ НА МЛАДИНСКАТА ШКОЛА НА ФК БЕЛАСИЦА

фудбалери

Трет по ред меѓународен турнир за оваа година на кој учествуваа фудбалерите од нашата младинска школа, но овојпат и резултатски најуспешен.

Едно трето место во генерација 2003, четврто место во генерација 2004, и пласман помеѓу осумте најдобри за генерација 2006, која исто така беше многу блиску до полуфинале, но сепак среќата им го сврте грбот на дечињата.

Голема конкуренција, одлична организација, екипи од Словенија, Србија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина, Унгарија. Над 130 екипи учествуваа на овој голем меѓународен турнир, во повеќе генерации.

Се одиграа голем број на квалитетни и неизвесни натпревари. Многу радост, солзи и воздишки беа присутни во текот на целиот турнир кај дечињата.

Во првиот ден од турнирот се натпреваруваме со 2004 и 2006 генерација.

2004 генерација во конкуренција на 10 екипи, додека нашите најмали фудбалери од генерација 2006 се натпреваруваа во конкуренција на 20 екипи.

Стартувавме со 2 победи, па потоа следуваа еден пораз и нерешен резултат во групната фаза за генерација 2004, како и пласман во полуфинале. Во полуфинале за противник ја имавме екипата на Вараждин од Хрватска, која воедно стана и шампион на турнирот во својата генерација, па на овој натпревар бевме поразени со 4:0. Во борбата за трето место игравме со ФК Јевница од Словенија, и со гол и пораз во последната минута од мечот, не успеавме да се закитиме со бронзени медаљи.

Нашите најмали учесници на турнирот резултатски започнаа лошо. Премногу трема беше присутна кај сите млади фудбалери во текот на првите натпревари. Па во групната фаза завршивме на 4 место, и во осмина финале ја добивме прво пласираната екипа од група Б, ФК Сиофоки од Унгарија, која немаше примено гол во групната фаза.

Овојпат тремата не беше присутна, а мотивацијата за победа кај дечињата беше на највисоко ниво уште од самиот старт на мечот. Уште во првите минути постигнавме погодок за 1:0, а на крај издвојувавме победа со 2:0. Во четврт финалето за противник ја имавме екипата на Радље од Словенија.

Во текот на целиот натпревар доминиравме, и бевме подобриот тим на теренот, но за жал противникот успеа да постигне гол по една мешаница во голмаскиот простор, а нашите фудбалери не искористија безброј шанси.

фудбалери

Наредниот ден, на турнирот се натпреваруваме со генерација 2003. Успеавме да го освоиме третото место и се закитивме со бронзени медаљи. Момците прикажаа борбена игра во текот на сите натпревари и во текот на целиот турнир примија само 1 гол во регуларниот дел.

Започнавме со реми, па потоа следуваше уште едно реми и победа за пласман во полуфинале. Во полуфиналето, ремизиравме без голови со ФК Тршњевка од Хрватска. По изведувањето на пенали, не успеавме да се пласираме во финале.

Во борбата за трето место против екипата на Зет Загреб од Хрватска, повторно ремизиравме без голови, но овојпат триумфиравме по изведувањето на пенали.

фудбалери

За спомнување е и неизмерната подршка од трибините на дечињата кои ги бодреа другите клубски другарчиња додека играа на теренот. Беа најгласни, пееа навивачки песни и ги бодреа фудбалерите во текот на целиот меч. Едноставно беа голема атракција на турнирот и трибинскиот простор.

Овој турнир помина резултатски одлично и без никакви проблеми во хотелот, како и при патувањето.Уште еднаш голема благодарност до организаторот на турнирот.

Честитки до младите фудбалери за одличните резултати и освоените пехари и медаљи, а големи честитки до тренерите.

фудбалери