фудбалери

ОДЛИЧНО ИСКУСТВО ЗА НАШИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ТУРНИТОТ ВО НАНТ

Иако не успеаа да се пласираат во главната фаза од елиминациите, нашите млади фудбалери се враќаат со кренати глави и нови искуства од Турнирот “Reze International”.

Турнирот “Reze International” започна на 2 jуни, а заврши на 4 jуни co доделување на пехари за секоја екипа учесник. На младите таленти на фудбалскиот клуб “Беласица” родени 1999 и 2000 година во групата Б, противници им беа фудбалските клубови FC “Nantes”, “USSA Vertou”, “Ligua Pays de la Loire” сите од Франција.

Првиот натпревар од турнирот беше одигран против екипата на “USSA Vertou” кој заврши со нерешен резултат 0-0. Следуваа уште 5 натпревари.

Резултати:

FC Belasica 0 – 0 SELEC SERBIA

FC Belasica 0 – 1 La Chapelle Sur Erdre

FC REZE 2 – 0 FC Belasica

FC Belasica 0-3 FC Nantes

Ligue Loire 1-0 FC Belasica

FC Belasica 0-0 Vertou

Овој турнир беше многу важен за нашите млади фудбалери, и е од големо значење за понатамошното едуцирање и стекнување искуство кај нашите фудбалери. Продолжуваме со ваквите турнири. Следен е турнирот во Марибор, Словенија и ќе биде за генерациите 2003, 2004, 2005 и 2006. Истиот ќе се одржи од 8 до 12 јуни.