Бугарија

ПОБЕДА И ЕДЕН НЕРЕШЕН РЕЗУЛТАТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО ПЕТРИЧ, БУГАРИЈА

Вчера Младинските екипи на ФK Беласица и ЖФК Тиверија гостуваа на меѓународни пријателски натпревари во Петрич, Р. Бугарија. Беа одиграни вкупно три натпревара против екипите на ФК Беласица – Петрич.

Првиот натпревар се одигра помеѓу женските екипи на ЖФК Беласица – Петрич со младинската категорија, и женската екипа на ЖФК Тиверија со кадетска категорија. Во овој натпревар екипата на Тиверија имаше потполна доминација во играта и иако настапи со кадетките, крајниот резултат беше 0 – 0.

Следуваа два натпревара Беласица – Петрич и Беласица со генерациите 2004,2005 и 2006.

Првиот натпревар беше одигран со генерацијата 2006.

Натпреварот започна со доминација на нашата екипа. Беа креирани многу шанси и на двете страни. Полувремето заврши со резултат 0 -1 за нашата екипа. Голот беше постигнат од страна на Мартин Милошевски, по одличниот соло продор со кој успеа да ја смести топката во противничкиот гол. Во Второто полувреме исто така следуваше добра игра и неискористени шанси за двете екипи. Крајниот резултат заврши со 1 – 1, откако домашната екипа успеа да го израмни резултатот во самиот финиш од натпреварот.

Последниот натпревар беше одигран со генерациите 2004, 2005.

Овој натпревар како и претходниот започна со одлична игра на нашата екипа. Многу шанси на крај резултираа со гол во противничката мрежа. Стрелецот на првиот и единствен гол во првото полувреме беше Миле Стоичовски, кој беше одлично проигран од Димче Јовов.

Второто полувреме беше исто така збогатено со многу шанси, одлична игра, борбеност и желба за победа. Водството беше зголемено пред крајот на натптеварот кога Мите Андонов со прекрасен шут успеа да ја смести топката во противничкиот гол.

На крај следуваше заеднички ручек за сите фудбалери кој беше прекрасно организиран од страна на ФК Беласица – Петрич и Општина Петрич. Уште еднаш голема благодарност до нив, за одличната организација и гостопримливост.

Овие натпревари беа од голема важност за нашиот клуб и за развојот на нашите фудбалери. Исто така и да ги одржиме пријателските односи со ФК Беласица -Петрич.

КОН ФОТОГАЛЕРИЈА >>