ФК Беласица

ПОБЕДА НАД ПЛАЧКОВИЦА И ЧЕКОР ДО ОСВОЈУВАЊЕТО НА ПРВОТО МЕСТО И ПРОМОЦИЈА ВО ВТОРАТА ЛИГА

Вчера во 19:00 беше одигран натпреварот од 26.коло  помеѓу ФК Беласица и ФK Плачковица кој заврши со минимална победа на нашиот тим со 1-0. Натпреварот се играше под рефлектори на градскиот стадион “Младост” – Струмица.

Одличен натпревар, збогатен со многу шанси и на двете страни. Желба за надигрување и борба на секој дел од теренот прикажаа и двете екипи, а посебно нашите фудбалери за кои може да се каже дека „изгинаа на терен“, и машки се бореа за секоја топка, од почетокот до крај на мечот.

Натпреварот беше отворен уште во 5 минута со голот на Бобан Мариќ, акцијата започна од штоперот Зоран Митевски исто така капитен на екипата, самиот си направи простор и со одличен пас го проигра левиот бек Ѓорги Џонов овозможувајќи му од прва да го проигра Бобан Мариќ кој што одлично се отвори и со мајсторски шут ја затресе противничката мрежа.

После водството од 1:0, играта беше израмнета. До крајот на првото полувреме  имаше неколку неискористени шанси за гол и на двете страни.

Второто полувреме започна со доминација во играта за нашата екипа , беа креирани многу шанси кои што не успеаа да ги реализират нашите играчи.По неколкуте креирани шанси за гол ,во 72 минута од натпреварот беше досуден пенал за Беласица.Прекрасен соло продор на Миле Костовски по десната страна , го навлече противничкиот играч во шеснаесетникот и со одличен потег го исфрли од игра но беше фаулиран од истиот, судијата не се двоумеше и покажа на белата точка.Пеналот беше изведен од стрелецот на првиот гол ,Бобан Мариќ кој што во оваа ситуација не успеа да реалозира и го промаши противничкиот гол.По промашениот пенал имаше неколку неискористени шанси и на двете страни .

Со овој натпревар “Беласица” се зацврсти на лидерската позиција на табелата со 64 бода и неверојатни 111 постигнати и 8 примени голови , додека Плачковица остана на 57 бода.

Честитки до стручниот штаб и фудбалерите за одлично прикажаната партија со која полека но сигурно “Беласица” цели кон освојувањето на првото место во Третата Лига Исток и промоција во Втората Лига.

ФК Беласица ФК Беласица
ФК Беласица ФК Беласица
ФК Беласица ФК Беласица
ФК Беласица ФК Беласица
ФК Беласица ФК Беласица