Трета Лига Исток

ПОБЕДА ПРОТИВ РАБОТНИК И ОФИЦИЈАЛНО ШАМПИОНИ ВО ТРЕТА ЛИГА ИСТОК

Вчера во 16:30 беше одигран натпреварот од 28 коло Трета Лига Исток против екипата на ФK “Работник” – Лозово. Натпреварот заврши со победа од 0 – 2.

Натпреварот започна со претпазлива игра од страна на нашата екипа, знаејќи дека теренот во Лозово е еден од најлошите терени во ова натпреварување и не дозволува простор за игра.

Првото полувреме екипата на Работник успеа да се справи од нападите на нашата екипа. Резултатот беше 0 – 0 на полувреме.

Второто полувреме започна со офанзивна игра на нашата екипа и тоа резултираше со погодок уште во 48′ минута. Стрелец на голот беше Крсте Тодоров кој што беше одлично проигран во шеснаесетникот од страна на Миле Костовски. По постигнатиот гол играта се одвиваше претежно на противничката половина и речиси противникот не ни стаса до нашиот гол. Водството беше зголемено пред крајот на натптеварот во 87′ минута. Стрелец на голот повторно беше Крсте Тодоров кој беше проигран со пас во простор повторно од страна на Миле Костовски.

Со оваа победа го осигуравме првото место во лигата. Официјално сме шампиони во Третата Лига Исток 2016/2017 и обезбедивме влез во Втората Македонска Лига.

#НапредПлави