ПОЛУФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА (КAДЕТИ)

Во четврток во 16:00 часот на градскиот стадион „Младост“ во Струмица ќе се одигра натпревар помеѓу кадетите на ФК Беласица и ФК Работнички.

Историски натпревар за нашиот клуб. Историски натпревар за нашите млади фудбалери и нашата младинска фудбалска школа.

На чекор до пласман во финалето, откако во првиот натпревар на гостувањето во Скопје, нашите млади фудбалери одиграа одличен натпревар кој заврши со резултат 1:1.

Имаме супер резултат од првиот натпревар и гол на гостински терен кој ни дава право да се надеваме на пласман во големото финале.

Упатуваме повик и ги покануваме сите љубители на фудбалот, симпатизери и навивачи на ФК Беласица, овој четврток во 16:00 на градскиот стадион „Младост“  да дојдат и да дадат подршка на нашите млади фудбалери.

ГФК Вардар Неготино