ФК Беласица

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ВО БУГАРИЈА ЗА ГЕНЕРАЦИИТЕ 2004, 2005 И 2006

Младинските екипи на ФК Беласица и ЖФК Тиверија овој петок ќе гостуваат на пријателски натпревар во Коларово, Петрич – Р. Бугарија.

Ќе бидат одиграни три натпревари против екипата на Беласица – Петрич. Беласица ќе одигра два натпревара со генерациите 2004, 2005 и 2006, додека пак ЖФК Тиверија ќе одигра еден натптевар со генерацијата 2003 и помлади.

Со овие заеднички натпревари Беласица ја обновува долгогодишната соработка со Беласица – Петрич, која со години наназад се негувала, како во делот од спортот така и во туризмот, економијата, културата и други области.

Општина Струмица има голема улога во соработката со општина Петрич. Во март годинава потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка.

ФК Беласица

ФК Беласица