ФК Работнички

РАБОТНИЧКИ ГИ СРУШИ СОНИШТАТА НА КАДЕТСКАТА ЕКИПА

Вчера во 16:00 часот беше одигран натпреварот од купот на Македонија во кадетската категорија помеѓу ФК Беласица и ФК Работнички. Истиот заврши со убедлива победа на гостинскиот тим со 1:7. Натпреварот се играше на градскиот стадион “МЛАДОСТ”во Струмица.

Тежок и убедлив пораз на нашите кадети. Лоша игра во текот на целиот натпревар. До 30 минута Работнички веќе водеше со 0:3. Во 32 минута Јовче Шапов го намали резултатот на 1:3, така и заврши првото полувреме.

Второто полувреме како и во првото започна со несигурна игра на нашите момци. Во 57 минута беше зголемен резултатот на 1:4 . Надежта на нашите играчи веќе полека полека опаѓаше, за на крај резултатот да биде со убедливи 1:7 за гостинската екипа.

Изгоревме во желбата за добар резултат кој ќе не однесе во финале. Не успеавме најмногу поради неискуството на нашите играчи и од одсуството во ова натпреварување. Сепак ова е добар резултат и ретко која екипа од Втората Кадетска лига стасал до полуфинале од Купот на Македонија за кадети. Остануваме со дигнати глави и продолжуваме понатаму со напорна работа.

Честитки до ФК Работнички победата и успех во финалето.