ГФК Вардар Неготино

ТРИ ПОБЕДИ И ЕДЕН ПОРАЗ ПРОТИВ ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО

Изминатите два дена се одиграа четири натпревари од младинските категории против екипите на ГФК Вардар Неготино.

На натпреварите во среда, кои се одиграа на домашен терен, кадетите остварија убедлива победа над ГФК Вардар Неготино од 4:0. Стрелци на головите беа Давид Калпачки со два гола и Ристе Гошев и Мите Стојков со по еден гол.

Истиот ден, иако гостинската екипа поведе со 0:1,  младинците на ФК Беласица, триумфираа над екипата на ГФК Вардар Неготино со 7:1. Стрелци на головите беа Благој Истатов со три гола, Јовче Шапов, Зоран Андонов, Александар Коцески и Миле Горгиев со по еден гол.

Од вчерашните натпревари на гостински терен, помладите пионери изгубија со 3:0, додека пионерите издвојуваа победа со 0:5. Стрелци на головите беа Јовче Шапов со 4 погодоци и Давид Калпачки со еден погодок.

Нашите екипи имаа доминација во игрите во поголемиот дел од натпреварите.