УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ВО НИЗА, ОВОЈПАТ ПРОТИВ КАМЕНИЦА САСА

Одличен но и тензичен натпревар со многу агресивност, борба и желба за надигрување денеска одиграа фудбалерите на ФК Беласица и ФК Каменица Саса, на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Во овој натпревар од 25 коло на крајот 3-те бода завршија на контото на ФК Беласица, триумфирајќи со резултат 1:3.

Резултатот во 10 минута од натпреварот го отвори Кемал Аломеровиќ, а веќе во 27 минута од мечот Бобан Мариќ зголеми на 2:0, резултат со кој двете екипи заминаа на полувреме.

Во текот на второто полувреме, домаќините намалија на 2:1, а во 90 минута Кемал Аломеровиќ со феноменален гол од слободен удар го зголеми водството на 3:1, и ја потврди победата на ФК Беласица.

На табелата ФК Беласица останува на првото место со 61 освоен бод, пред ФК Плачковица која има 4 бода помалку.

Следен натпревар на ФК Беласица е токму против второпласираната екипа на табелата ФК Плачковица и тоа идната недела.