УСПЕШЕН ПРВ ДЕН ЗА НАШИТЕ МЛАДИ НАДЕЖИ – ДВЕ УБЕДЛИВИ ПОБЕДИ И ЕДЕН НЕРЕШЕН РЕЗУЛТАТ

Прекрасен старт на нашите млади надежи во рамките на турнирот “Равена Куп 2017”.

Денес на високо ниво беа одиграни три натпревари на турнирот “Равена Куп 2017”. Првиот натпревар заврши со победа над ФК Душановац од 6:1. На вториот натпревар со BWB 03, нашите млади први го отворија натпреварот, но во последните минути противникот израмни на 1:1. Нашиот тим издвои убедлива победа над екипата на ФК Стаута од Шведска, третиот натпревар кој се одигра попладне, од 12:0.

FC Belasica 6:1 FC Dushanovac (Србија)

FC Belasica 1:1 BWB 03 (Англија)

FC Belasica 12:0 FC Stauta (Шведска)