Вести

АЛЕКСАНДАР ВАСИЛЕВ НАЗНАЧЕН ЗА ПРВ АСИСТЕНТ!

Поранешниот капитен на ФК Беласица, Александар Василев, кој има големо интернационално искуство, се приклучи во стручниот штаб на сениорскиот тим и тоа како прв асистент за претстојната сезона во ПМФЛ.

“Благодарност до управата на ФК Беласица, Претседателот и шефот на стручниот штаб за укажаната шанса. Ми претставува голема чест, задоволство и привилегија да се биде дел од овој стручен штаб и клуб каде што израснав како фудбалер, а сега ми дава нова шанса, да запливам во тренерските води.” – изјави Василев.

Му посакуваме добредојде и многу среќа и успех во извршувањето на новата функција.

#НапредПлави #ФКБеласица #AssistantCoach

Leave a Reply