Вести

Беласица со минимална победа од 1-0 во првиот контролен натпревар

ФК Беласица – ФК Кожуф   1:0


Вчера на „СЦ Истатов“ во Нов Дојран, каде нашите фудбалери престојуваат на подготовки го одиграа и првиот контролен натпревар во овој подготвителен период. ФК Беласица триумфираше со минимални 1:0 со голот на Цветан Чурлинов. Асистенција за овој гол забележа младиот Зоран Ивановски каде по одличен соло продор по десната страна асистираше до искусниот Чурлинов.  
Сите фудбалери кои се наоѓаат на располагање во тимот, а меѓу нив и двајца млади фудбалери на 15 годишна возраст добија шанса да играат по 45 минути.

#ФКБеласица #НапредПлави


Leave a Reply