Вести

БЕЛАСИЦО, ЉУБОВ МОЈА!

“Беласицо, љубов моја!”. Реченица која Благој Истатов од се срце знаеше честопати да ја спомене.

Една од најголемите фудбалски легенди на ФК Беласица и Струмица, а воопшто и на македонскиот фудбал, за жал вчера ненадејно не напушти.

Благој Истатов беше синоним за фудбалот во Струмица, фудбалска икона, спортска легенда и работник кој остави голема трага во историјата на ФК Беласица и македонскиот фудбал.

Спортска легенда и икона, голем спортски работник, добитник и на награда за „ЖИВОТНО ДЕЛО“ од Фудбалската Федерација на Македонија.

Човек со големо срце кој никогаш не штедеше сила и енергија да пружи помош таму каде е најпотребно.

Од струмичка Беласица, преку прилепска Победа до Партизан од Белград. Па од таму во холандски Утрехт, и повторно назад во Беласица. Фудбалска, голманска и тренерска кариера за восхит и почит.

Токму Благој Истатов е човекот кој е најзаслужен за најголемите успеси на Беласица во минатото.

Денеска оддадовме последна почит на човекот кој стави печат во историјата на македонскиот и струмичкиот фудбал.

Ние од ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ БЕЛАСИЦА, сакаме да изразиме голема благодарност до тебе за безрезервната поддршка која ни ја даваше се до последниот момент.

Почивај во мир ЛЕГЕНДО!