Вести

Започнаа подготвките за новата сезона

Вчера, на 08.07.2019 во понеделник беше извршена прозивката, со што официјално започна подготвителниот период за новата сезона на ФК Беласица. Првиот тренинг екипата на ФК Беласица го одржа на тренинг центарот во Гр.Балдовци. Во изминативе две седмици се работеше и по индивидуална тренинг програма.
Денес се извршуваат првите тестирања со кои ќе се утврди индивидуалната физичка состојба на секој фудбалер.
Од среда (10.07), започнуваме со 2 тренинзи на ден на тренинг центарот во Гр.Балдовци.

Тренинзи обработуваа и новите засилувања, кои во текот на оваа недела ќе бидат официјално претставени.
Во текот на претсезонскиот дел, ФК Беласица дел од припремите ќе ги одработи во Дојран, на спортскиот комплекс Истатов, а и ќе изигра неколку контролни натпревари.

Leave a Reply