Вести

ОФИЦИЈАЛНО: АРБЕН ТАФА НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ФК БЕЛАСИЦА

Арбен Тафа е втора аквизација на ФК Беласица ова лето. Искусниот штопер кој е големо засилување за одбраната на ФК Беласица, ни доаѓа од ФК Струга Трим-Лум, а во минатото има настапувано и за екипите на ФК Хоризонт Турново и ФК Влазерими 77.

„Среќен сум што Арбен го прифати нашиот повик да биде дел од ФК Беласица. Знаејќи го неговиот квалитет, но и одличен карактер, сигурен сум дека ќе биде огромно засилување за нашата одбрана. Му посакувам успешни настапи во плаво белиот дрес“ – изјави шефот на стручниот штаб Милков.

По потпишувањето на договорот и официјалната презентација, Тафа се изјасни околу неговиот трансфер во ФК Беласица – „Пресреќен сум што потпишувам за клуб каков што е ФК Беласица и се надевам дека заедно ќе изградиме уште поголеми успеси и ќе ја збогатиме клупската историја“.

Му посакуваме добредојде и успешна сезона во наредната сезона во плаво белиот дрес.

Leave a Reply