Вести

ОФИЦИЈАЛНО: РОБСОН ДА СИЛВА ПРВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Еден од најдобрите играчи за врска во ПМФЛ во изминатите две сезони се пресели во редовите на ФК Беласица. Да Силва ни доаѓа од редовите на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932, каде забележа 62 настапи и постигна 10 погодоци.

Бразилецот е играч кој располага со извонредна визија за игра, одличен удар од далечина, специјалист за слободни удари и е фудбалер кој секогаш го дава максимумот на фудбалскиот терен.

Шефот на стручниот штаб Ване Милков со изјава за новото засилување: „Ми претставува големо задоволство што играч со таков квалитет ќе биде дел од тимот за новата сезона. Робсон е доста талентиран фудбалер, со големи технички квалитети и сигурно ќе биде значајно засилување за нас.“

„Сакам да се заблагодарам на ФК Беласица што ми овозможија повторно да играм и да го покажам мојот квалитет во Македонија. Се надевам дека со благослов од Господ ќе направиме успеси во новата сезона.“ – изјави бразилецот Да Силва.

ФК Беласица му посакува добредојде и успешна сезона за новата аквизиција.

Leave a Reply