Вести

ОФИЦИЈАЛНО: ФК Беласица се засили со шест фудбалери

Ви ги претставуваме новите засилувања на ФК Беласица за претстојната сезона.

Цветан Чурлинов, искусниот напаѓач доаѓа од ФК Кожуф, а во минатото има настапувано и за ФК Работнички, ФК Тетекс, ФК Металург, ФК Хоризонт Турново и др.


Даниел Радојчиќ – после една помината сезона во ФК Плачковица, Радојчиќ повторно се враќа во ФК Беласица. Даниел игра во шпицот на нападот.

Дарко Размоски – игра во офанзивата на нападот на крилните позиции. Дарко има 19 години а изминатата сезона беше еден од стандардните првотимци во ФК Брегалница.

Игор Паноски – 20 годишниот Паноски, изминатите 6 месеци беше стандарден првотимец во ФК Победа од Прилеп. Игор игра на штоперската позиција.

Зоран Ивановски – Ивановски ни доаѓа од ФК Академија Пандев и игра на позицијата десен бек. 

Никола Спасов – 18 – годишниот Спасов игра на штоперската позиција и ни доаѓа од ФК Академија Пандев.


Им посакуваме многу среќа и успешна сезона во плаво белиот дрес.

Leave a Reply