ОФИЦИЈАЛНО: ШЕФКИ АРИФОВСКИ НОВ ЧЛЕН НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ФК БЕЛАСИЦА
Искусниот тренер Шефки Арифовски ќе биде дел од стручниот штаб на ФК Беласица. Арифовски кој е повратник во ФК Беласица, зад себе има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во ФК Хоризонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, ФК Кожуф, ФК Академија Пандев и др.
Му посакуваме добредојде и многу успех во претстојната сезона.