Вести

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ – АКРЕДИТИРАЊЕ ЗА СЕЗОНА 2020/21

Согласно протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид 19 за натпреварувачката 2020/2021 сезона, присуството на новинари и фотографи на натпреварите ќе биде ограничено. За акредитирање на претставниците на медиумите е одговорна ФК Беласица, а според протоколот бројката на новинари не смее да ја надминува границата од 6 (шест), додека за фотографи е 2 (двајца).

ФК Беласица ги информира претставниците на медиумите дека акредитирањето ќе биде реализирано пред натпреварите, а предност имаат спортските медиуми кои изминативе години максимално ги следеа комплетните активности на ФК Беласица.

Сето ова е во насока на максимална заштита во време на пандемијата со Ковид 19.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

ФК Беласица.

Leave a Reply