Вести

ФК БЕЛАСИЦА ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

Денеска беше извршена прозивката, со што официјално започнаа подготовките за пролетниот дел од оваа сезона. Првиот тренинг се одржа попладнево, каде се извршија потребните тестирања со кои се утврди физичката состојба на секој фудбалер. Изминативе 3 седмици нашите фудбалерите имаа и посебна индивидуална тренинг програма која ја следеа и по која работеа интензивно.

Нашата екипа пред стартот на полусезоната ќе одигра и неколку контролни натпревари и тоа со ФК Кит Го – Пехчево, ГФК Тиквеш, ФК Пелистер, гостување кај бугарскиот прволигаш ФК Царско Село, а генералката ќе се одигра против екипата на ФК Кожуф.

Дел од подготвителниот период, ФК Беласица ќе го одработи во Дојран, во СЦ Истатов, во периодот од 25 јануари до 2 февруари.

Им посакуваме на нашите фудбалери успешен подготвителен период.

#НапредПлави #ФКБеласица

Leave a Reply