ФК БЕЛАСИЦА – ФК БРЕГАЛНИЦА

ФК Беласица 0 - 0 ФК Брегалница
13 Окт 2019 - 15:00Стадион „Благој Истатов“

Во дербито на колото, екипите на ФК Беласица и ФК Брегалница си ги поделија бодовите во утакмица без голови. Иако немаше голови на натпреварот, струмичани на градскиот стадион „Благој Истатов“ можеа да уживаат во многубројните креирани шанси од страна на нашите фудбалери, како и од борбеноста и пожртвуваноста.
Следното коло нашата екипа ќе одигра уште еден дерби натпревар, овојпат против ГФК Тиквеш во Кавадарци.

#НапредПлави #ФКБеласица