ФК БЕЛАСИЦА – ФК КАМЕНИЦА САСА

ФК БЕЛАСИЦА 2 - 1 ФК КАМЕНИЦА САСА
07 Сеп 2019 - 16:00Стадион „Благој Истатов“

100% учинок на нашата екипа во новата сезона продолжува! ФК Беласица го отвори резултатот уште на почетокот на утакмицата, во 6та минута со погодокот на Митевски Зоран. Гостите израмнија во 26та минута. Голот за второто водство на нашата екипа и воедно конечниот резултат беше дело на Мирчевски Мартин во 59та минута.
Асистент и за двата погодоци беше капитенот Александар Милушев.
Честитки до нашите фудбалери за издржливоста и борбеноста што ја прикажаа во текот на сите 90 минути.

#НапредПлави #ФКБеласица