ФК БЕЛАСИЦА – ФК ПИТУ ГУЛИ

ФК БЕЛАСИЦА 2 - 0 ФК ПИТУ ГУЛИ
10 Мар 2020 - 14:00Стадион „Благој Истатов“

ФК Беласица продолжува со победите! 💪💪💪

На денешниот натпревар, кој се одигра зад затворени врати на градскиот стадион „Благој Истатов“, ФК Беласица беше подобриот противник во текот на целиот натпревар. И покрај одличната игра и многубројните шанси, отпорот на крушевчани беше конечно скршен во 79та минута, по направениот прекршок врз Размоски Дарко, новото засилување Ангов Дејан беше сигурен од белата точка. По четири минути, во 83та минута, по прекрасната асистенција на Серафимовски Јордан, Истатов Благој стрелаше за 2-0.

Честитки до стручниот штаб и фудбалерите за уште една победа оваа сезона.

Наредното коло, се игра големото дерби, дуел на првопласираниот и второпласираниот, ФК Беласица гостува во Штип кај ФК Брегалница.

#НапредПлави #ФКБеласица