ФК БЕЛАСИЦА – ФК ПЛАЧКОВИЦА

ФК Беласица 4 - 2 ФК Плачковица
30 Ное 2019 - 13:00Стадион „Благој Истатов“

ФК БЕЛАСИЦА ЕСЕНСКИ ШАМПИОНИ 💪💪💪

Фантастична полусезона на нашите фудбалери, полусезона во која покажаа како се игра добар и атрактивен фудбал, како се игра пожртвувано, храбро и машки, како се игра за дресот на ФК Беласица – нашата градска гордост!
Денеска на стадион „Благој Истатов“ струмичани уживаа во одличното издание на нашите фудбалери. Уште на почетокот на натпреварот, резултатот го отвори Мирчевски Мартин во 11та минута по асистенција на Марков Ѓорги. Во 24та минута со гол повторно Мирчевски, кој го зголеми резултатот на 2-0, а минута подоцна по одличната асистенција на Серафимовски Јорде, Размоски Дарко стрелаше за 3-0. Во 44та минута гостите го намалија водството постигнувајќи гол од пенал. Во второ полувреме, покрај асистенцијата, во листата на стрелци се запиша Марков Ѓорги, а во 83та минута ФК Плачковица постигнаа уште еден гол, за конечни 4-2.

Честитки до нашите фудбалери и стручниот штаб за борбеноста, пожртвуваноста и прикажаната одлична игра во текот на целата полусезона, како и за заслуженото 1во место!

#НапредПлави #ФКБеласица