ФК КАМЕНИЦА САСА – ФК БЕЛАСИЦА

ФК КАМЕНИЦА САСА 0 - 3 ФК БЕЛАСИЦА
10 Ное 2019 - 13:00Градски Стадион Каменица

ПОБЕДААА 💪💪💪💪

ФК Беласица се враќа со три бодови од гостувањето во Македонска Каменица!
Нашите фудбалери одиграа одлично и борбено во текот на целиот натпревар, а покрај 3те голови имавме и многу креирани шанси.
Резултатот го отвори Марков Ѓорги во 32 минута, по одличната асистенција на Серафимовски Јордан. Во 82 минута Мирчевски Мартин го зголеми водството на 0 – 2, а асистенцијата беше дело на Размоски Дарко. Стрелец на третиот гол беше Коколански Кирил по асистенција на Марков Ѓорги.
ФК Беласица останува лидер на табелата во ВМФЛ – Исток по одиграни 12 кола.
Честитки до фудбалерите и стручниот штаб за денешната победа!