ФК КОЖУФ – ФК БЕЛАСИЦА

ФК Кожуф 1 - 2 ФК Беласица
23 Ное 2019 - 13:00Градски стадион Гевгелија

УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ВО НИЗА 💪💪💪

Во дербито на 13то коло, нашата екипа беше подобриот противник и заслужено ги освои 3те бодови од тешкото гостување во Гевгелија.
Екипата на Кожуф поведе во 7 минута, со погодокот на Трајчевски Александар, а во 9 минута Размоски Дарко го изедначи резултатот по асистенција на Мирчевски Мартин.
Во 63 минута, за комплетен пресврт стрелаше Марков Ѓорги по одличната асистенција на Серафимовски Јорде.
Честитки до фудбалерите и стручниот штаб за денешната победа.
ФК Беласица останува лидер во ВМФЛ – Исток по 13 одиграни кола. 💪