ФК ПОБЕДА – ФК БЕЛАСИЦА

ФК ПОБЕДА 0 - 3 ФК БЕЛАСИЦА
01 Сеп 2019 - 16:30Игралиште Могила

Нашите фудбалери од тешкото гостување во Прилеп се враќаат со три бодови! 
Резултатот го отвори Александар Милушев во 34та минута од пенал, откако претходно во шеснаесетникот беше фаулиран Дарко Размоски. На почетокот на второто полувреме Мартин Мирчевски ја круниса одличната тимска акција со ефектен гол од далечина. Резултатот го завери Благој Истатов во 89та минута.
Честитки до нашите фудбалери за одличната игра, борбеност и пожртвуваност што ја прикажаа денеска.