Во август 1922 година во кафеаната на Ташо Тодоров, на улицата која води до православната црква „Св. Кирил и Методиј“ се собравме педесетина иницијатори и на основачко собрание беше формиран Фудбалскиот клуб Беласица.
Голем број фудбалери од овој подмладок за кратко време станаа костур на сениорската екипа на Беласица, која веќе во 1953 година, преку успешните квалификации со прваците од останатите фудбалски зони, се избори струмучкиот фудбалски првенец да стане член на Македонската фудбалска лига.
Почнувајќи од 1960 година наваму, Струмица сосема заслужено го доби епитетот на фудбалски расадник. Бројот на талентирани фудбалери целосно ги задоволи потребите на локалните клубови Беласица и Тиверија, па затоа голем број фудбалери побараа место во редовите на штипска Брегалница, прилепска Победа и Тетекс од Тетово, тогашни членови на Втората сојузна лига, како и во повеќе тимови од Републичката лига на Македонија (првенствено од Скопје, Гевгелија, Кратово, Богданци и Валандово).
Селидбата на фудбалери од Струмица во други градови која траеше повеќе од 10 години, како да се сврте во обратен правец најавувајки со тоа почеток на своевидна фудбалска ренесанса.
По осамостојувањето на Македонија во 1991 година Беласица директно се вклучи во Првата фудбалска лига, каде што во борбата за највисок пласман најголеми конкуренти беа скопски Вардар, прилепска Победа и Силекс од Кратово. Предизвикот беше навистина голем, бидејќи првите две места од републичкиот шампионат вода на УЕФА.