ФК БЕЛАСИЦА ВО РЕПУБЛИЧКА ЛИГА

Голем број фудбалери од овој подмладок за кратко време станаа костур на сениорската екипа на Беласица, која веќе во 1953 година, преку успешните квалификации со прваците од останатите фудбалски зони, се избори струмучкиот фудбалски првенец да стане член на Македонската фудбалска лига.

На сочуваната фотографија од 1950 година екипата на надежниот подмладок е составена од следните играчи: Бранко Горгиев-Копчаро, Васил Семенков, Горги Миленков, Јанко Галев, Кочо Косев, Томе Ефтимов, Коте Харилов и Васо Цветков. Клечат: Митко Танчев, Војо Балдовалиев, Горги Ациташков-Чиче, Александар Трендов, Киро Минанов, Ристо Динков од Управата и Горѓи Јанев. Со формирањето на Четвртата фудбалска зона, во која влегуваа екипи од Македонија, Србија и од Косово, Македонската фудбалска лига беше расформирана и првенството продолжи во трите потсојузни лиги (Скопска, Битолска и Штипска).

Во сезоната 1955/56 година Беласица убедливо стана шампион на Штипскиот потсојуз со освоени 29 бода, или седум повеќе од второпласираниот Кожуф. Струмичките фудбалери се најдоа пред нов сериозен предизвик 

БЕЛАСИЦА ЧЛЕН НА ЧЕТВРТАТА ФУДБАЛСКА ЗОНА

Во квалификации со првакот на Битолскиот потсојуз Пелистер, требаше да се одлучи која од овие две екипи ќе се пласира во Четвртата фудбалска зона. Првиот натпревар се одигра на 24 јуни 1956 година во Битола и заврши нерешено 1:1. Голот на Коте Харилов во 16 минута го откри резултатот и водеше се до 50 минута кога Станисавлевиќ го израмни резултатот. Во многу возбудлив и драматичен натпревар, реваншот на 1 јули во Струмица Беласица го доби со 2:1 со головите на Коста Ефински во 15, и на Васо Цветков во 30 минута. Голот за Пелистер го постигна Златевски во 57 минута.

Во Четвртата фудбалска зона Беласица останаа само една сезона. Боите на Беласица ги бранеa: Трајко Панов, Коста Ефински, Томе Терзиев, Перо Стојанов, Панче Караманов, Коте Харилов, Стојан Киров, Томе Ефтимов, Димитар Панов, Александар Ушаков, Александар Трендов. Настапува уште и Кочо Косев, Ристо Гошев, Димушевски Васил Семенков. Беласица се пласира на последното 15 место со освоени 14 бода и со 27 постигнати и 65 примени голови.

Во наредната фудбалска сезона 1957/58, бидејќи Републичката фудбалска лига не постоеше, Беласица сега веќе со поголемо натпреварувачко искуство ќе започне неизвесна борба за највисок пласман во Штипската потсојузна лига, со екипи меѓу кои беа и поранешните членови на Четвртата фудбалска зона штипска Брегалница и Тиквеш од Кавадарци. Борбата за највисок пласман беше пожестока, бидејќи првопласираните тимови обезбедуваа директен пласман во Македонската фудбалска лига.

Овие три екипи се пласираа во обновената Републичка фудбалска лига. Во периодот што следувал, се до сезоната 1982/83, ФК Беласица, со исклучок на сезоната 1961/62, бил постојан член на Македонската фудбалска лига. За целосен увид на Пласманот, одиграните натпревари, постигнати и примени голови, најдобар увид дава Приложениот табеларен преглед.

 Од 1960 година за прв пат на кормилото на Беласица е поставен тренер од надвор, со статус на професионалец, кој истовремено ќе работи со подмладокот на тимот и со сениорската екипа. Прв тренер ангажиран од надвор беше Боголуо Петровиќ, а по него следуваа: Никола Божиќ, Момчило Илик – Момо, Бранко Роксандик, Лубо Арсениевиќ, Ацо Јаковлевиќ-Стрела. Потоа следува период кога тренерската функција ќе ја преземат Томе Ефтимов, Димитар Циев, а од 1978 година прво како голман, а потоа и успешен тренер стана фудбалскиот интернационалец Благој Истатов, кога Беласица под негово раководство го постигна најголемиот успех во својата 60-годишна историја — Пласманот во Втората сојузна лига — Исток, а потоа и во единствената Втора југословенска фудбалска лига.

По осамостојувањето на Македонија, почнувајќи од 1991 година натаму, на кормилото на Беласица својата среќа ја испробале Драган Канатларовски, Илија Николовски – Иди, Милко Гуровски, Југослав Тренчовски, Гордан Здравков, Аце Стојанов, Илија Матеничаров, Нико Секулов, Ристо Анчев (Хациманов), Димитар Алачки и Шефки Арифовски.