СТРУМИЧКА ФУДБАЛСКА РЕНЕСАНСА

Селидбата на фудбалери од Струмица во други градови која траеше повеќе од 10 години, како да се сврте во обратен правец најавувајки со тоа почеток на своевидна фудбалска ренесанса.

Љубителите на фудбалот кои долго време жалеа за одливот на фудбалските таленти, наеднаш беа обземени со надеж дека градот расадник на талентирани фудбалери заслужува да има екипа што ќе се натпреварува во повисок ранг.

Најголемо охрабрување за фудбалските сладокусци беше враќањето во Струмица на поранешниот голман на Беласица, прилепска Победа и на холандскиот прволигаш Уширехи од истоимениот град, Благој Истатов. Тој како магнет ја повлече ногата за враќање и на Благој Митев, Нико Секулов, Томе Алоков, Митко Георгиев. Ванчо Дрвошанов. Овие фудбалери, заедно со постојните во Беласица, влева надеж дека се способни за освојување на шампионската титула во МФЛ и за директен пласман во Втората фудбалска лига – Исток.

Во сезоната 1978/79, во 1979/80 и 1980/81, Беласица успеваше да избие до третото, а во 1981/82 го освои шестото место на табелата. Наредната фудбалска сезона 1982/83 година, влезе во историјата на струмичкиот фудбал. Беласица триумфално, дури со 10 бода пред Куманово и Победа, ја освои шампионската титула и со тоа го постигна најголемиот успех во клубската историја — пласманот во Втората сојузна лига – Исток. Се чини дека не постои поголем од овој подарок за љубителите на фудбалот во Струмица, подарок со кој беше одбележана 80 годишнината од основањето на Беласица.

Состав на тимот кој го освои шампионатот (1982/85) и се пласира во Втората сојузна лига-Исиок: Стојат од лево: Благој Истатов – тренер, Костадин-Дине Секулов, Благој Мишев, Ванчо Дрвоианов, Дончо Горгиев – голман, Ристо Панов, Атанас Грнчаров, Милан Василев, Александар Пандев, Митко Горгиев-Шеки. Седат од лево: Александар Тенев – претседател на управата, Злате Милососки, Пане Блажевски, Ристо Божинов – помошник на тренери, Перо Андреев, Илија Андреев, Васе Стојков и Томе Стојанов.

УСПЕШЕН ВТОРОЛИГАШКИ СТАРТ

Стартот на струмичкиот второлигаш во друштвото со бившите членови на елитната фудбалска лига како ОФК Београд, Сутјеска, Галеника, Раднички од Пирот, бараше многу поголем ангажман не само од играчите, туку и од сите субјекти во градот кои на кој било начин можеа да помогнат. Иако беше дебитант во лигата, ФК Беласица со победите над Галеника во Белград, над Иванград, Третича, Тешек се пласира на осмото место и со неколку нерешени натпревари, успеа да се врати меѓу 18 членови на лигата.

Истата фудбалска сезона, есента 1983 година, во рамките на Југо-Купот, победата над Тетекс, Беласица за првпат стана победник на најмасовното фудбалско преварување за подрачјето на Македонија и се здоби со правото на 21 септември да се сретне во Струмица со еден од членовите на тогашната голема фудбалска четворка Динамо од Загреб.

Интересот за гостувањето на загребчани во Струмица беше голем настап поради тоа што во тимот на Динамо беше и поранешниот играч на Беласица Васил Рингов. Токму по центаршутот на Рингов од левата страна, халфот на Динамо Богдан се извиши над сите играчи во домашната одбрана и со глава го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој поискусниот тим извојува заслужена победа.

Беласица против Динамо настапи во овој состав: Душко Василев, Благој Митев, Ванчо Дрвошанов, Дине Секулов, Ристо Панов (Пандев), Петар Андреев (Сторме пан Блажевски, Боев и Злате Милосовски. Овој натпревар е значаен и по тоа што на истиот е забележан рекорден број посетители, повеќе од 14.000. На истиот натпревар беше пуштена и новоизградената трибина на стадион ‘Младост’’ во Струмица со градежен капацитет од 3.500 седишта. За реализација на овој градежен зафат придонес имa и ГП “Бетон” — градилиште во Струмица, и тогашниот негов директор инж. Живко Манолев.

Струмичкиот второлигаш и во наредната фудбалска сезона стигна до 16-тина финале на југо-купот. И овој пат противник на Струмичани беше претставникот на Хрватска Кварнер од Риека, кој беше поуспешен противник и во двата дуела. Средбата во Струмица освен по бројот на присутни (повеќе од 10.000 гледачи), остана забележана и по тоа што, во договор помеѓу двата клуба, за прв пат од стадионот во Струмица беше организиран радио-пренос за љубителите на фудбалот во Риека, преку ангажирањето на две директни телефонски линии Струмица — Риека, за што беше задолжен Миле Грнчаров од поштата во Струмица.

Истата есен во 1983 година, Струмица беше домаќин на уште еден ретко виден фудбалски настан кој го преполни гледалиштето. Гостин на Беласица беше белградски Партизан, а повод прошталниот натпревар на Благој Истатов, неговиот поранешен успешен голман, кој во дресот на Партизан го визира пасошот за фудбалска Европа. Истатов на овој натпревар последен пат го облече црно-белиот партизанов дрес заедно со Бјековиќ, Пауновиќ, Голац, Вокри, Родик, Јоцик. На стадионот беа присутни бројни пријатели, другари, новинари, фудбалски судии, функционери и обожаватели од цела Македонија, кои од срце, со љубов, честитки и подароци ја изразија длабоката почи кон македонската фудбалска легенда Благој Истатов.

И покрај силната конкуренција, стартот на Беласица во второлигашкото друштво беше успешен. Во конкуренција со многу поискусни тимови, Беласица солидното седмо место, во наредната 1984/85 натпреварувачка сезона се пласира на 11 место, додека, а во 1985/86 година заврши на 13 место на табелата.

Во сезоната 1986/87 година, поради измени во системот на натпреварување и создавањето на единствена Втора фудбалска лига, Беласица за “влакно” не успеа да го фати возот кој водеше кон повисок ранг. Имено во  единствената Втора лига директно влегоа осумте првопласирани екипи, додека Струмичкиот второлигаш како деветто пласиран на табелата, беше принуден да се пресели во Македонската фудбалска лига.

Сезоната 1987/88 повторно е во знакот на Беласица во МФЛ. Второлигашкото искуство дојде до полн израз и на крајот од сезоната Беласица со освоени 47 бодови, или шест повеќе од второпласираниот Лубошен, стана републички шампион и доби право на учество во квалификациите за пополнување на новоформираната единствена Втора сојузна фудбалска лига, или “Б лига како што се нарекуваше тогаш. Противник на Беласица во решавачкиот дуел беше екипата на Третича од Косовска Митровица. Првиот натпревар како гостин Беласица го загуби со 1:2. На 6 јуни 1988 година следуваше реваншот во Струмица. Во ретко видена фудбалска атмосфера на температура повисока од 40 степени, пред полни трибини и во пеколно темпо фудбалерите на Беласица се надмина себеси и победија со 2:0, со што го забележаа највисокиот успех во историјата на клубот — пласманот во единствената Втора сојузна лига на тогашна Југославија

Екипата на Беласица што се пласира во единствената Втора Сојузна лига: Марјан Илиев, Ристо голман, Ристо Панов, Здравко Зајков, Васе Мишев, Томе Стојанов, Зоран Алачки Мишев, Бранко Беличев, Жанко Савов, Зоран Манев, Бранко Марков, Марјан Јовев, Мило Јанушевик, Ставре Пешков, Костадин Секулов, Глигор Узунов, Трајче Георгиев, Благој Истатов – тренер, Перо Андреев, Марко Божинов – претседател на управа, и Ристо Божинов – помошник на тренер.

Само по една струмичкиот лигаш се во Третата натпреварувачка сезона, пресели сојузна фудбалска лига. Поради слабиот пласман, иако беше на 15 место на табелата прописите налагаа струмичкиот лигаш да ја напушти оваа лига со уште три екипи, и да се врати во МФЛ.