Вести

СE OДДРЖА ЖДРЕБУВАЊЕТО ЗА 1/8 ФИНАЛНИТЕ ДУЕЛИ ЗА „КУП НА МАКЕДОНИЈА“

Вчера, во просториите на ФФМ се одржа ждребувањето за 1/8 финалните дуели за најмасовното домашно клубско натпреварување „Купот на Македонија“.

Во двомечот за пласман помеѓу 8-те најдобри ФК Беласица го доби битолски Пелистер.

Колку за потсетување, во изминатите 2 сезони ФК Беласица во 2 наврати беше елиминирана токму од ФК Пелистер во истоименото наптреварување. Во првиот дуел, пред 2 сезони, Пелистер по изведување на пенали триумфираше во Струмица над Беласица, а истата сезона стана и шампион во купот на Македонија со победа над Шкендија и тоа повторно во Струмица. Изминатата сезона пак повторно ФК Пелистер во првиот круг ја елиминираше Беласица, и во едно репризно финале со Шкендија во Струмица загуби со 3:0.

Првиот натпревар го играме наредната среда, на стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола, а возвратниот дуел е закажан за 3 недели подоцна.

#ФКБеласица #НапредПлави