Вести

НАШИТЕ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ДЕЛ ОД “ПЛОВДИВ КУП 2018”

Нашите млади фудбалери родени 2008 година, предводени од тренерот Александра Ристовска, деновиве ќе учествуваат на “Пловдив Куп 2018” во Пловдив Р. Бугарија.

Тие вчера пристигнаа и се сместија во хотел, а слободното време го искористија за прошетка низ убавиот град.

Денеска во 12:00 ч. го играат првиот натпревар против ФК Бургас.

Им посакуваме многу успех и многу среќа.