Вести

ТРЕТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Победа од 4:1 и хет-трик на Зоран Балдовалиев на третиот контролен натпревар во подготвителниот период за нашите фудбалери, против ФК Крупа од Босна и Херцеговина. Исто така гол постигна и Кристијан Апостолоски.

Овој натпревар се играше денес во Златибор, каде нашите фудбалери го одработуваат главниот дел од подготвителниот период.

Наредниот контролен натпревар ќе го играме на 11.07.2018 (среда) против ФК Мачва Шабац, екипа која се натпреварува со српската Супер Лига.