ТРЕТА ПОБЕДА ВО НИЗА ЗА +6 ПРЕД БОРЕЦ И +7 ПРЕД БРЕГАЛНИЦА

ТРЕТА ПОБЕДА ВО НИЗА ЗА +6 ПРЕД БОРЕЦ И +7 ПРЕД БРЕГАЛНИЦА

ФК Каменица Саса – ФК Беласица 0:5 

Нашите плаво-бели продолжија со голгетерската форма, постигнувајќи 5 гола и тоа на гостински терен против Каменица Саса.
Во првиот дел, иако заврши без голови, нашите фудбалери беа подобар противник креирајќи многу шанси за гол, а промашија и пенал за водство.
Голот за водство од 0:1 го постигна Крсте Тодоров по асистенција на Јордан Серафимовски. Потоа Даниел Радојчиќ зголеми на 0:2 по асистенција на Крсте Тодоров. Џонов по нафрлувањето од корнер на Кочоски постигна погодок за 0:3, а Јордан Серафимовски од 40-тина метри го изненади домашниот голман, постигнувајќи ремек-дело погодок за 0:4.
Печат на натпреварот за конечни 0:5 стави Радојчиќ Даниел.
#ФКБеласица #ГордостНаГрадот #НапредПлаво